Канје Вест се врати на Твитер, осум месеци откако неговиот профил беше суспендиран

popara31 јули, 20231min00
kanje-1024x707

Социјалната платформа „Х“ повторно го активираше профилот на Је, музичарот порано познат како Канје Вест, откако беше суспендиран пред речиси осум месеци бидејќи раперот ги прекрши правилата кои забрануваат поттикнување насилство.

На сметката на Је сега е прикажана неговата последна објава од 1-ви декември, ден пред да биде суспендирана неговата сметка на платформата „Х“, порано Твитер.

Је нема да може да го монетизира својот профил и нема да се појавуваат реклами до неговите објави, објави во саботата „Wall Street Journal“, цитирајќи ја мрежата „X“.

Сметката на Је беше суспендирана во декември, само два месеци откако беше повторно активирана, откако на една од неговите објави беше прикажан симбол на свастика во Ѕвездата на Давид.

„Х“ ја реактивирал сметката на Је откако тој ветил дека нема да ја користи платформата за ширење антисемитизам или друг говор на омраза, се вели во извештајот.

Је нема објавено ништо ново откако се врати на платформата.

Новиот сопственик на мрежата, Илон Маск, претходно го врати профилот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, откако спроведе анкета во која гласаа околу 14,8 милиони корисници на Твитер, а 51,8 отсто гласаа за повторно активирање.

Но, Трамп рече дека не е заинтересиран да се врати на Твитер и дека ќе остане на неговата нова платформа, „Truth Social“.

Откако Је продолжи да дава серија антисемитски изјави во интервјуа и на социјалните мрежи, тој го загуби партнерството со „Adidas“ и „Gap for Yeezy“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma