Необичен симптом на покачен холестерол може да се појави и на прстите на нозете

popara7 септември, 20231min00
A,Woman,Is,Touching,Her,Sole.

Високиот холестерол е потенцијално фатална состојба која погодува милиони луѓе. Како што објаснуваат лекарите, во повеќето случаи многу луѓе дури и не сфаќаат дека имаат висок холестерол додека не развијат сериозни компликации како срцев или мозочен удар.

Иако повеќето симптоми најчесто поминуваат незабележано, лекарите укажале на еден необичен симптом кој може да биде знак за покачен холестерол, а се појавува на нашите прсти, пишува „Sun“.

Според „NHS“, грчеви или стегање во нозете или стапалата, поконкретно во прстите, може да бидат знак за таканаречената болест на периферните артерии предизвикани од високите нивоа на холестерол во крвта.

Оваа вообичаена срцева болест е токму компликација која се јавува поради нетретираниот висок холестерол.

Акумулацијата на масни наслаги во артериите го ограничува протокот на крв во мускулите на нозете, поради што пациентите ги чувствуваат горенаведените болки.

Како што објаснуваат експертите, кај многу луѓе првите знаци на оваа состојба започнуваат бавно и нередовно, најчесто со непријатност како замор и грчеви во нозете и стапалата кои се влошуваат со физичка активност, пренесува „index.hr“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag