Летово во кината почнаа да се прикажуваат два филма – „Опенхајмер“ и „Барби“.
Ирскиот актер Килијан Марфи моментално е во центарот на вниманието, благодарение на улогата на физичарот Роберт Опенхајмер во новиот филм на Кристофер Нолан. Тој со својата улога ги воодушеви филмските критичари, а за филмот веќе на големо се зборува.
Сепак, неговата слава ја „расипува“ филмот „Барби“ кој излезе на ист ден со оваа продукција.
Барби и Кен ги играат Маргот Роби и Рајан Гослинг, а сега Килијан откри дали би се појавил во „Барби 2“ во улогата на Кен.
– Дали сум подготвен да го играм Кен во „Барби 2“? Секако дека сум. Ајде да го прочитаме сценариото, да разговараме за тоа – рече тој, пренесува „People“.
– Едвај чекам да го гледам тој филм. Мислам дека тоа што летово излегуваат вакви одлични филмови е добро за кината – додаде Марфи.