Сандалите со плетена платформа им се омилени на многу жени, пред се затоа што се удобни, но и затоа што визуелно ги издолжуваат нозете. Беж или песочна боја, која Анџелина најчесто ја избира, е и многу практична бидејќи може да се комбинира со сите видови на облека, а таа ги комбинира со фустани и летни комбинезони, како и ленени панталони.
Да потсетиме, Анџелина моментално работи на нов проект во Италија, а папараците го снимаат секој нејзин потег. Со оглед на тоа дека е внимателно следена, фотографиите од нејзините одлични летни стајлинзи го обиколија светот.
Заедно со неколку нејзини комбинации, кои се состоеја од опуштени, удобни парчиња, актерката носеше сандали кои не останаа незабележани.