Намирници кои го топат салото од стомакот! Овој зачин го забрзува метаболизмот и го зајакнува имунитетот

popara19 август, 20231min00
717685_stomak_m

Губењето на салото од стомакот не е воопшто лесно и тоа го знае секоја жена. За време на одморот, многу дами се опуштија и се препуштија на разни кулинарски задоволства, кои создаваат вишок килограми.

Покрај промената на исхраната која е неопходна, потребно е и зголемување на физичката активност во текот на денот. Меѓутоа, покрај тоа, нутриционистите предлагаат уште некои трикови кои се доста користени, а кои ќе го забрзаат процесот на губење на вишокот килограми.

КИМ

Прекрасниот древен зачин ким можете да го набавите во речиси секоја продавница за здрава храна. Освен што го зајакнува имунитетот, кимот го забрзува метаболизмот и е одличен сојузник во борбата против килограмите.

КАКО СЕ КОРИСТИ

Додадете многу малку од овој мистичен зачин во секое готвено јадење. Кимот е силен зачин со карактеристична арома, затоа внимавајте кога го користите.

САСИ ВОДА

Овој напиток стана хит во светот пред неколку години, а денес многу нутриционисти го препорачуваат како одличен еликсир кој ќе ве освежи во текот на летото.

КАКО СЕ КОРИСТИ

За оваа напивка ви се потребни следните состојки:

– осум чаши вода

– мал корен од свеж ѓумбир

– осум листови нане

– краставица

– лимон

Излупете ги и исечкајте ги сите состојки, а потоа измешајте ги со вода. Напитокот подгответе го навечер, а пијте го во текот на следниот ден.

ЃУМБИР И ЛИМОН

Ова е одлична комбинација која ќе ви ги наполни батериите, ќе ве освежи, ќе го забрза метаболизмот и ќе ви помогне да согорите маснотии. Ѓумбирот содржи и пантотенска киселина, односно витамин Б15, кој го забрзува метаболизмот, како и ниацин, витамин Б3, кој го намалува нивото на лошиот холестерол и ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Во комбинација со лимон, ова растение станува витаминска бомба, а помага и во борбата против вишокот килограми.

КАКО СЕ КОРИСТИ

Во текот на летото најдобро би било да направите лимонада во која ќе изрендате исчистен корен од ѓумбир. Пикантниот вкус и специфичната арома ќе ве задоволат особено во топлите денови.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma