Пол Макартни тргнува на турнеја: Во оваа земја повторно настапува по цели шест години

popara2 август, 20231min00
pol-makartni-830x0

Пол Макартни ќе го одржи својот прв концерт во Австралија по шест години.

Во вторникот познатиот член на Битлси (81) објави дека напролет ќе настапува ширум оваа земја.

Турнејата ќе започне во Аделаида на 18 октомври, град каде што 350.000 луѓе беа на улиците кога Битлси првпат ја посетија Австралија во 1964 година.

Тој потоа ќе се упати кон Мелбурн на 21 октомври, пред да замине за Њукасл на 24 октомври и Сиднеј на 27 октомври.

Турнејата ќе заврши со настап во Бризбејн на 1-ви ноември, како и на Голд Коуст на 4-ти ноември.

Макартни рече дека има неверојатни спомени од неговите претходни посети на Австралија.

“Нашето последно патување беше многу забавно. Неверојатно си поминавме. Секој концерт беше забава, така што знаеме дека ова ќе биде многу посебно. Австралија, ајде да лудуваме! Едвај чекам да ве видам”, вели Макартни.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag