Ако сакате да направите вкусна вечера набрзина, тогаш можете да подготвите макарони со кашкавал
Состојки:
225 гр макарони
295 g рендано остро сирење чедар, поделено
115 гр чедар
2 лажици пченкарен скроб
1 лажица несолен путер
1 лажичка сенф во прав
1/2 лажичка мелен пипер
360 мл млеко
360 мл крем за готвење
1 јајце
200 гр моцарела
55 гр пармезан
Подготовка:
Сварете ги макароните, па процедете ги. Во сад измешајте ги ренданата моцарела, чедарот и пармезанот. Посипете со скроб и добро измешајте.
Во тавче растопете го путерот, а потоа додадете го сенфот и мелениот пипер. Промешајте, па истурете го кремот за готвење и млекото. Варете додека не почне да врие, а потоа додадете малку од смесата во садот во кој сте го изматиле јајцето. Промешајте, па полека додадете го јајцето во сосот.
Погрижете се да работите брзо бидејќи јајцето не смее да се превари и да се претвори во кајгана. Енергично промешајте, па тргнете од шпорет.
Додадете ја смесата со кашкавал во врелиот фил (оставете малку да се нароси одозгора). Добро измешајте и кога кашкавалот целосно ќе се растопи додадете ги макароните. Посолете и смесата истурете ја во огноотпорен сад. Посипете со кашкавалот што сте го оставиле на страна и печете во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.
Пријатно!