Моделот на фустан кој Хејли го избра, како и тоа што во неколку наврати се држи за стомак, уште еднаш започна шпекулации за проширување на семејството Бибер
Како што минува времето, Хејли Бибер (26) се чини дека станува модна икона, особено меѓу помладата популација.
Манекенката и инфлуенсерка на социјалните мрежи редовно споделува фотографии во различни комбинации, а што и да облече „преку ноќ“ станува популарно кај многу млади девојки.
Иако е склона кон експерименти, Хејли покажа дека може да каже „да“ и на модните класици. За вечера во ресторан во Санта Моника, таа носеше мал црн фустан без прерамки кој беше прилепен до телото, со должина до под коленото. Аутфитот го комплетираше со црни чевли и чанта во иста боја.
Со овој стајлинг Хејли се одлучи за сведена шминка, покажувајќи дека помалку е секогаш повеќе.
Моделот на фустанот кој Хејли го избра, како и тоа што во неколку наврати се држи за стомак, уште еднаш започна шпекулации за проширување на семејството Бибер. Имено, на неколку фотографии сопругата на Џастин Бибер го држи стомакот како да навестува дека нивното семејство наскоро ќе стане поголемо.
Истото го напишаа и следбениците на социјалната мрежа „ТикТок“, каде објавија снимки од концертот на Дрејк, каде Хејли и Џастин не пијат алкохол, а нејзиниот стомак е малку поголем од порано.