Летните одмори се веќе во тек, но доколку се уште не сте заминале на некоја дестинација, а сакате да добиете потемен тен, сигурно базенот ви е решение за овој проблем.
Сепак, како и при бањањето во море или езеро, така и базенот со себе носи ризик од инфекции.
Токму поради тоа неопходно е да се послушаат советите на гинеколозите, за да не дојде до посериозен здравствен проблем.
Решението е едноставно!
По бањањето во базен, задолжително истуширајте се со чиста вода, земете со вас два пара костими за капење, па заменете го мокриот со сув и користете вагинални пробиотици.