Оваа билка ги намалува болките во мускулите, а помага и за заздравување на рани: Сигурно веќе ја имате во кујната

popara4 август, 20231min00
oregano

Ориганото е познат зачин кој се користи во готвењето, но и лековито растение кое ублажува многу тегоби.
Освен што се користи како зачин за пица, или сосови за тестенини, бројни истражувања докажале дека ориганото е богато со антиоксиданси, што значи дека ги штити клетките од оксидативен стрес, а со тоа и од некои болести.

Ова растение има силни антибактериски и антивирусни својства, па затоа се препорачува за третман на инфекции, како што се кандидијаза, габи на ноктите на нозете и прстите, како и стапалата.

Маслото од оригано се користи за масажа бидејќи ги ублажува грчевите и болките во мускулите и го промовира зараснувањето на раните. Ако го користите ова масло, болката во исчашување на ногата или воспалени тетиви ќе исчезнат побрзо. Маслото од оригано се користи против разни воспаленија на кожата и мукозните мембрани.

Ориганото може да се користи како зачин, а се консумира и како чај.

Чајот се користи за лекување на болести на органите за варење (особено дијареа) и на дишните патишта. Ориганото е добро за варење. Го стимулира протокот на жолчката во дигестивниот систем и ја намалува појавата на гасови.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag