„Тапкање по косата“ е новиот тренд за нега на скалпот: Дерматолог објаснува зошто е важен овој чекор

popara4 август, 20231min00
kupanje-pranje-kose-830x0

Што е „тапкање на коса“, се прашувате? Знаеме дека има премногу трендови за убавина кои е тешко да ги следиме. Но, верувајте, нема да зажалите за ова.

Масажата со движења на тапкање додека ја миете косата со шампон треба да стане рутина за секоја жена.

– Движењето во кое лесно тапкате по скалпот со врвовите на прстите може да помогне да се стимулира циркулацијата на крвта во скалпот. Освен што обезбедува важен релаксирачки ефект кој ја ублажува напнатоста на скалпот, ја активира и циркулацијата на крвта околу фоликулите на косата, што ја подобрува пенетрацијата на секој производ што го нанесуваме – вели дерматологот Едуардо Лопез Браун.

По завршувањето на традиционалната масажа на главата, со движења на галење, па дури и додавање на нежно штипкање, се постигнува дополнителна доза на волумен.

Овде е важно да се разјасни дека терминот „тапкање“ првично се однесува на техника на емоционално ослободување, заснована на принципите на акупунктурата која работи на различни специфични точки на телото; сепак, во овој случај, тапкањето по косата е потесно поврзано со движење кое го стимулира протокот на крв.

Оваа техника можете да ја примените и на сува коса на која претходно сте нанеле некое есенцијално масло, пренесува „Vogue“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma