Наместо посакуваниот летен одмор, британската пејачка Дуа Липа ќе мора да оди на суд во Лос Анџелес. Нејзиниот поранешен соработник, музичкиoт продуцент и дискограф Боско Канте, ја тужеше за кршење на авторските права и бара отштета од огромни 20 милиони долари. Проблемот наводно го предизвикал нејзиниот хит „Levitating“ од 2020 година: продуцентот тврди дека таа неовластено ја користела неговата снимка при снимањето на песната. Правните документи што ги видел The Mirror тврдат дека 27-годишната кантавторка без дозвола ја користела неговата снимка од talk box-от. Тимот на Дуа Липа побарал согласност од Канте, но само за оригиналната песна. Тие не добиле дозвола да го користат неговиот talk box ElectroSpit на ремиксите. Продуцентот, тврди тој, ги предупредил дека му должат отштета, но тие го игнорирале и сега бара милиони од Дуа Липа.
Работата е во тоа што ремиксите носат најмногу пари, а тужбата се однесува на ремиксот The Blessed Madonna , (на кој се појавуваат Мадона и Миси Елиот) и многу популарниот ремикс со раперот DaBaby. Токму оваа верзија на „Levitating“ собра повеќе од 1,6 милијарди слушања на Spotify.
„Тужителот направи бројни обиди да го реши ова прашање без судски спор, но овие напори беа неуспешни, поради неподготвеноста на обвинетиот да соработува или да прифати одговорност за ова очигледно прекршување на авторските права на тужителот“, се наведува во документите. Дуа Липа и нејзината издавачка куќа „Warner Music Group“, сè уште јавно не ја коментирале тужбата. Бидејќи сумата е огромна, наскоро се очекуваат контрамерки од поп ѕвездата и нејзините адвокати.
Ова е веќе трета тужба поврзана со нејзиниот хит „Levitating“. Во јуни годинава беше отфрлена тужбата поднесена минатата година од реге групата Artikal Sound System, а тужбата од кантавторите Сенди Линзер и Л.Расел Браун во март минатата година, во која тврдат дека Дуа Липа користела мелодијата од нивните песни, сè уште е во тек.