Тенката коса веќе не мора да биде проблем, кога се во прашање фризурите…
Без разлика дали вашата коса е природно таква, или во последно време многу ви опаѓа, не треба да се грижите. Секогаш можете да ја обликувате или да направите фризура која ќе ја скрие оваа маана.
Погледнете кои пет фризури им стојат одлично на дамите со тенка коса и подгответе се за промени.
Степенаста фризура
Обидете се да избегнувате рамни фризури кои само ќе ја нагласат тенкоста на косата. Одлучете се за слоевити фризури, особено оние со остро исечени врвови. На овој начин вашата коса ќе добие волумен, а ќе изгледате модерно бидејќи оваа фризура е секогаш во тренд.
Брановиден лоб
Не сакате целосно да ја скратите косата – нема проблем. Тука е лоб фризурата која се карактеризира со коса до рамениците. Експериментирајте со текстурата на косата, направете брановидна или виткана фризура и воодушевете се од промената на косата.
Шишки
Ако не сакате да ја скратите должината на косата, секогаш можете да прибегнете кон скратување на шишките. Тие моментално се во мода, а целосно ќе го променат вашиот изглед. Внимавајте и кажете и на фризерката дека сакате полни шишки, па нема потреба да ги истенчува. На овој начин визуелно ќе добиете волумен, бидејќи шишките ќе бидат првото нешто што луѓето ќе го забележат. Можете да изберете помеѓу класични, прави и уште помодерни – степенасти.
Неуреден боб
„Неуредната“ коса која изгледа како штотуку да сте станале од кревет е хит оваа година. Особено ако оди со боб фризура. Разбушавете го вашиот боб или создадете интересни бранови. Вашата коса воопшто нема да изгледа тенко.
Необичен патец
Длабокиот или страничниот патец е совршен трик кога сакате вашата коса да изгледа побујно и поразлично. Следниот пат кога ќе одите на фризер, замолете го да ви ја суши косата поинаку и да ви направи патец од едната страна од главата. Ќе биде малку потешко да се навикнете на различното паѓање на косата, но вреди.