Заборавете на смрзнато поховано пилешко: Крцкави залаци со пармезан кои ќе ги засакаат сите во семејството

popara6 август, 20231min00
1c1b1836a17fdf5672e80ea2a65f67a17cab6b5a

Состојки:

пилешко филе 300гр
малку млеко
1 јајце
пармезан по потреба
презла по потреба
малку босилек
мелен црвен пипер
сол по вкус
бибер по вкус
малку путер

Како да се подготви:

Пилешкото филе исечкајте го на помали парчиња. Измешајте го јајцето и малку млеко. Во кесичка измешајте пармезан, презла и зачини.

Пилешкото прво потопете го во смесата со млеко и јајца, па ставете го во кесичката и протресете го.

Се става на хартија за печење и се става по малку путер на секое парче пилешко. Се пече на 200 степени додека пилешкото не порумени.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag