Ако постојано ви се собира мраз во вашиот фрижидер, испробајте го овој трик

popara21 август, 20241min00
Screenshot_1

Чистењето на фрижидерот може да биде многу досадно, особено кога ќе стигнете до замрзнувачот. Можеби не знаете, но во кујната веќе имате сѐ што ви треба за чистење на мразот.

 

 

 

Сценариото за чистење фрижидер веројатно го знаете: го исклучувате фрижидерот од струја, го празните и ставате легени со топла вода за мразот од замрзнувачот да се стопи што е можно побрзо, а потоа му се молите на Бога да не се расипе храната додека стои е надвор.

 

За во иднина да немате проблеми со мразот, треба да знаете мал трик кој барем до некој степен ќе го спречи неговото формирање.

 

 

Сѐ што ви треба е масло за јадење.

 

Иако доаѓаат сѐ повеќе нови модели на фрижидери со „без мраз технологија“, ако имате стари фрижидери, знаете кои се неволјите.

 

Самата процедура е едноставна: растопете го мразот од замрзнувачот, па убаво измијте го и избришете го со сува крпа. После тоа, истурете малку масло на парче памучна волна или стара крпа и избришете ги ѕидовите. И тоа е сѐ. Вклучете го фрижидерот и ќе видите дека во наредниот период ќе се создаде значително помалку мраз.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag