Ја измила косата со сода бикарбона и веднаш потоа го фрлила шампонот: Резултатот ја воодушевил!

popara6 август, 20231min00
Screenshot_9

Блогерката Сонет Луберт долго имала проблем со оштетена и лоша коса. Размислувала да се потстрижи кратко за да го реши проблемот, но во меѓувреме открила трик со чија помош ја преродила косата.

 

 

 

 

Имено, во шампонот додала евтин производ што го има во секој дом, а станува збор за сода бикарбона, чии бројни придобивки и неверојатен спектар на примени се одамна познати.

 

„Се шокирав кога сфатив колку мојата коса изгледа подобро откако наместо класичен, користам шампон направен од сода бикарбона. Освен што навистина блеска, не е изложена на штетни хемикалии чиј број може да изнесува и повеќе од 4000 во парфимираните козметички производи, што е страшно. Освен тоа, тие шампони ги отстрануваат природните масла од влакното, па влакното засилено ги произведува“, вака блогерката го опишала своето искуство.

 

Блогерката сама си направила шампон од сода бикарбона со помош на многу едноставна постапка.

 

Се меша сода бикарбона со вода во сооднос 1:3, значи на една количина сода, одат три количини вода. На пример, за коса со должина до раменици, доволни се две до три лажици сода. Смесата се нанесува на сува или мокра коса од коренот кон врвовите и се остава 1-2 минути да отстои, па се измива со вода.

 

Потоа, се мие со мешавина од оцет и вода, во сооднос 1:4. За да го намали мирисот на оцетот, иако тој брзо испарува, Сонет во смесата додава неколку капки етерично масло од лаванда, рузмарин или ментол. По измивањето на смесата, косата се мие под млаз ладна вода, бидејќи тоа помага да се задржи влагата во влакната, па така косата не изгледа суво, а освен тоа, ја измазнува косата и ѝ дава сјај.

 

Фризерите често советуваат да се нанесува сода бикарбона на косата, сметајќи дека тоа може да помогне во отстранувањето на првутот. Меѓутоа, не е препорачливо често да се нанесува сода бикарбона на косата и темето, туку најмногу 3 пати месечно. Внимавајте на тоа!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag