Вратот отечен, лицето со виолетови дамки! По 62 години откриени се страшни детали за смртта на Мерлин Монро

popara7 август, 20231min00
merlin monro naslovna

Филмската дива Мерлин Монро, чие вистинско име е Норма Џејн Мортенсон, беше пронајдена мртва на 4 август 1962 година во нејзиниот дом во Лос Анџелес, но нејзината смрт останува мистерија до ден-денес.
Причината за смртта е предозирање со барбитурати (хипнотици). И покрај тоа што полицијата ја објави причината за смртта, јавноста не веруваше. Набрзо почнаа да кружат различни теории, а една од нив е дека зад се стојат големи сили, бидејќи се шпекулираше дека Мерилин е љубовница на американскиот претседател Кенеди.

Погребниот директор кој помогна да се подготви телото на Мерлин Монро за погреб, откри застрашувачки детали за состојбата на актерката откако беше пронајдена мртва.

Ален Абот и Рон Хест напишаа книга во која опишуваат што се случило на 4 август.

Се сеќаваат дека полицијата ги повикала да дојдат во куќата на познатата актерка, а Абот тврди дека нејзиното тело било полно со виолетови дамки.

– Тешко беше да се поверува дека тоа е познатата убавица Мерлин Монро. Изгледаше како просечна постара жена која не се грижи премногу за своето тело. Очигледно е дека околностите во кои починала многу и го влошиле изгледот. Кога некој ќе умре, гравитацијата предизвикува крвта да се таложи на најниската точка на телото. Во нејзиниот случај, со оглед на тоа дека умрела со лицето надолу, на лицето и останале виолетови дамки од крв, а вратот и бил многу отечен – се присетил гробарот.

Додава дека е очигледно дека веќе некое време не ја фарбала косата, бидејќи се гледал кафеав израсток.

– Нозете не и беа избричени, а усните и беа многу испукани. Запоставени се и маникир и педикир – додава гробарот.

Абот изјавила и дека меѓу нејзините работи пронашле лажни гради, но не ги користеле при подготовката на покојната, градникот и го наполниле со памук.

Сите останаа шокирани кога дознаа дека славната актерка починала. Велат дека во последните денови од животот била среќна, еуфорична и полна со живот.

Авторката на книгата „Монро“ тврдела дека нејзиниот пријател, актерот Питер Лофорд, кој е и зет на претседателот Џон Кенеди, и се јавил на 4 август околу 19 часот, и таа му делувала тромо и депресивно.

Неговата приказна не се совпаѓа со сведочењето на нејзината слугинка, која рече дека во тоа време Мерилин добила повик од синот на нејзиниот поранешен сопруг, Џо Димаџо Џуниор, кој за Лос Анџелес Тајмс изјавил дека Мерилин звучи сосема нормално, како и обично. Потоа, Џунис накратко разговарала со Мерилин, која подоцна отишла во нејзината соба. Тоа беше последен пат кога ја видела жива.

Џунис првично изјавила дека се загрижила кога актерката не одговорила на нејзините тропања на вратата и го повикала нејзиниот психијатар Ралф Гренсон, кој пристигнал веднаш по полноќ. Сепак, точното време на повикот на Џунис не е утврдено.

За да влезе во собата, Ралф го скршил прозорецот, додека во собата го пронашол нејзиното тело. Мерилин го држела телефонскиот приемник во раката. Набрзо се јавил на докторот кој и препишал апчиња и тој ја констатирал смртта.

Полицијата била повикана дури во 4 часот и 25 минути наутро, додека лекарите тврделе дека им е потребна дозвола од студиото „20th Century Fox“, со кое Мерилин имала соработка при снимањето на филмот.

Нејзината слугинка прво ја раскажала приказната дека се јавила на психијатарот на Мерилин околу полноќ, за подоцна да каже дека било околу 3 часот наутро. Повеќе од 20 години подоцна, биографот Ентони Самерс разговарал со неа и го забележал моментот кога таа ја ставила главата во рацете и рекла: „О Боже, зошто морам да го прикривам ова?“.

– Што прикривате госпоѓо? – тој прашал.

– Секако, Боби Кенеди беше таму (на 4 август) и секако, имаше афера со Боби Кенеди – одговорила таа.

Се шпекулираше дека Мерилин имала врска со претседателот Џон Ф. Кенеди, како и со неговиот брат Роберт Боби Кенеди. Сопругата на Дин Мартин, Жан Мартин, рече дека Мерилин наизменично се менувала со семејството Кенеди. На денот на нејзината смрт, таа била повикана од Боби Кенеди, бидејќи таа збеснала, велејќи дека се чувствува искористена.


Биографот Џејмс Спада смета дека „нешто било прикриено преку убиството“.

– Семејството Кенеди не можеше да ризикува ова да биде откриено, бидејќи ќе го уништи претседателот. Но, прикривањето, кое требаше да спречи некој да открие дека Мерилин е тесно поврзана со семејството Кенеди, беше погрешно протолкувано како прикривање на фактот дека тие ја убиле – верува тој.

Многу биографи се согласија дека полициските инспектори и форензичарите „беа безнадежно невешти“, како што рече Самерс.

– Еден од проблемите во целиот случај е што имаше многу спротивставени приказни – напиша Спада.

– Никој не ја знае вистината. Никој никогаш нема да ја дознае вистината – изјави Мајкл Селсман, последниот ПР агент на Мерлин Монро и автор на книгата „Се е гордост“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag