Родители, внимавајте: Никогаш не купувајте син костим за капење на вашето дете, а еве и зошто!

popara7 август, 20234min00
dete

Видеото објавено од корисник на Инстаграм го привлече интересот на јавноста. Со таа објава таа ги предупреди родителите внимателно да ја изберат бојата на костимот за капење на нивните деца.

Костимите за капење со одредени бои може да бидат помалку видливи во водата. Џес Карпентер решила да го демонстрира тоа во видеото на кое нејзиниот син и ќерка скокаат во базен, но со една голема разлика.

Додека момчето е облечено во неонски портокалов костим за капење, девојката носи син костим. Кога момчето скокнало во базенот, неговиот костим за капење можел да се види дури и кога стигнал до дното на базенот, па лесно бил забележан. Од друга страна, девојката штом скокнала целосно се споила со дното на базенот.

„Го снимив ова за да покажам колку добро пливаат, а потоа, гледајќи го видеото, ја забележав разликата. Синот беше многу полесно да се забележи, без оглед на полошиот агол на снимањето. Портокаловата и црвената боја се одлични бои за костими за капење токму од оваа причина“, напиша таа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag