Ова се годините во кои поголемиот дел од луѓето ја пронаоѓаат својата СРОДНА ДУША

popara7 август, 20231min00
62605169-chandler-i-monica-srodne-duse

Еден поглед е доволен за да знаете што мисли. Не можете да си го замислите животот без него. Секој проблем што го имате е споделен. Вие сте си безусловна поддршка еден на друг. Тој е првиот човек на кој му се јавувате кога нешто ќе ви се случи, а заедно сте совршено дуо кое работи на база на компромис.

Доколку се пронајдовте во овој краток вовед, тогаш навистина имате среќа бидејќи покрај себе ја имате љубовта на вашиот живот, вашата сродна душа.

Бројни студии покажаа дека компатибилноста на такво ниво е вистинска реткост. Љубовта, колку и да е посебна и силна, не е неуништлива. Толку убава во својата ранливост, љубовта сепак бара одрекување, труд, компромиси и – зрелост.

Тоа го потврдува и последното истражување на една апликација за запознавање, кое дошло до интересен заклучок – годините имаат големо влијание за тоа дали ќе ја пронајдете вашата сродна душа. Ако барате љубов додека сте премногу млади, ќе наидете на одредени проблеми поради недостаток на искуство и фактот дека сè уште не сте ја развиле целосно вашата личност.

Во раните дваесетти, сè уште не сме сосема сигурни како да ги распоредиме животните приоритети, а нежната и разиграна младост сè уште не принудува да бидеме повеќе фокусирани на себе.

Само дефинираните карактери можат точно да знаат каква личност и каква врска сакаат во својот живот, а малкумина се подготвени за тоа во раните дваесетти. Затоа многу малку луѓе можат да ја најдат љубовта на својот живот во тој период од животот, се истакнува во истражувањето.

Од друга страна, ако барате љубов во поодминати години – тогаш точно знаете што сакате и не сте склони кон компромиси, што е пресудно во градењето вистинска, цврста и искрена љубов. Не планирате да градите живот со некого, туку изградените животи да ги доведете во состојба на здрав соживот.

Во средните години сè уште сме доволно млади за да градиме живот со некого од самиот почеток, а во исто време имаме доволно животно искуство кое ни помага да ја избереме личноста која ќе чекори низ животот со нас.

Интересен е и заклучокот дека жените веројатно порано ќе ја пронајдат љубовта на својот живот, додека мажите малку подоцна ќе ја почувствуваат вистинската љубов. Истражувачите заклучиле дека тоа се случува поради фактот што мажите емотивно созреваат подоцна.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag