
Кој работи тој греши. А кога се домашните работи во прашање, има простор за грешки. Особено за оние кои се јавуваат како резултат на перење алишта.
Некои од нив, за среќа, можеме да поправиме.
Ако некогаш ви се случило да ви се смали облеката кога ја перете, тогаш знаете колку нервира кога ќе сфатите дека вашата облека се смалила за дури неколку големини.
Сега веќе не е потребно да се откажувате од омилените парчиња, се што треба да направите е да земете шампон за бебиња и проблемот ќе се реши за кратко време.
Секако, потребна ви е и топла вода.
Затоа, истурете топла вода во сад (погрижете се да не е ниту млака, ниту врела) и малку бебешки шампон (некои препорачуваат и омекнувач или регенератор за коса). Ставете ја облеката во оваа течност, добро да се натопи, а потоа нежно исцедете ја и прострете ја на голема крпа. Потоа свиткајте го пешкирот, заедно со облеката, да го впие вишокот вода, па одвиткајте го, па развлечете уште една крпа и преместете го тоа парче облека врз неа. Внимателно тегнете ги и влечете ги краевите на облеката, со рацете, додека не се врати во првобитната големина. Откако целосно ќе се исуши, проверете го резултатот. Во случај да сакате дополнително да го проширите, повторете го процесот.