Хороскопски знаци склони кон пасивно-агресивно однесување: Првото место е големо изненадување

popara8 август, 20231min00
naslovna

Малку се оние кои од прв ќе можат да кажат кој е на тронот

Сите знаеме некој кој не е многу отворен за своите чувства. Можеме да почувствуваме задржување во нивниот тон или став, но тие нема јасно и гласно да ни кажат што ги мачи, што е вообичаена форма на пасивно-агресивно однесување.

Добрата вест е дека можеби постои причина зошто личноста покажува поинаков темперамент, а тоа е хороскопскиот знак во кој се родени.
Според Јаху, луѓето родени во шесте хороскопски знаци обично не се директни комуникатори, па затоа се склони кон пасивна агресија.

6. Лав
Лавот е знак кој реагира импулсивно и сака да биде во центарот на вниманието.

– Наместо директно да се соочи со проблемот, Лавовите веројатно пасивно ќе се справуваат со него, бидејќи тоа ја одржува драмата во живот и ги става токму таму каде што сакаат да бидат, што е во центарот на вниманието – истакнува астрологот Софија Адлер.

5. Водолија
Водолијата е исклучително паметна и остра; не се плаши да влезе во жестока дискусија, но често мисли дека е подобра од другите.

– Водолиите веројатно нема ни да се потрудат да се справат со проблемот, бидејќи мислат дека не вреди за нивното време – објаснува Адлер.

4. Рак
Раковите се надарени со емпатија, но се многу навредливи доколку нивните чувства не се возвратени.
– Нема да се жалат ако не можат да го решат проблемот, туку наместо тоа ќе се впуштат во пасивна агресивност и ќе даваат непријатни коментари – наведува астрологот.

3. Бик
Биковите се неверојатно тврдоглави, но нивната удобност ја ценат пред се друго.

-Поголеми се шансите да избегнат конфронтација и да делуваат фрустрирано наместо да се занимаваат со проблемот. Ќе покажат суптилни знаци, верувајќи дека личноста кон која се насочени магично ќе разбере дека нешто не е во ред – објаснува астрологот Софија Адлер.

2. Риби
На Рибите им е многу полесно да чувствуваат емоции отколку да ги изразат.

– Премногу се чувствителни за да влезат во дискусија. Кога се повредени, се бранат со пасивно-агресивно однесување, но ако се извините брзо забораваат – вели Адлер.

1. Вага
Вагите силно ја ценат хармонијата и дипломатските односи и генерално избегнуваат кавги.

– Вагите им даваат предност на туѓите емоции, но доколку дојде до расправија, бидете сигурни дека ќе ве натераат да се извините – нагласува астрологот.