
Уште еден холивудски пар реши да стави крај на својата љубовна приказна
Како што пренесуваат странските медиуми, по разводот на Софија Вергара и Џо Манганиело, уште еден холивудски пар ќе реши да стави точка на својата љубовна приказна.
Бракот на холивудската ѕвезда Натали Портман и балетанот Бенџамин Милпје беше во криза откако актерката дозна за наводното изневерување на балетанот со 25-годишна Французинка.

„Откако се дозна за неговата афера, тие работеа на помирување и спасување на бракот, но се е готово“, рекол изворот, пренесува DailyMail.
View this post on Instagram
Двајцата, кои го имаат синот Алеф и ќерката Амалија, се уште официјално не објавиле дека се разведуваат.
Актерката Натали Портман и нејзиниот сопруг Бенџамин Милпје, по 11 години брак, ќе си продолжат секој по својот пат.