
Домашен сок од брчки за кој тврди дека и помогнал.
Актерката Селма Хајек има 56 години, а сите се согласуваат дека изгледа многу помладо.
Речиси никој не би ни помислил дека мексиканската актерка е во шестата деценија. Брчките се речиси невидливи, а нејзината кожа е затегната и сјајна.
Таа самата истакна дека не користела ботокс ниту пак посегнувала по други процедури за подмладување.
Дали за се е “виновна” генетиката?
Како што еднаш откри на своите социјални мрежи, Селма секое утро пие сок за убавина од четири состојки.
Како што истакнува тaa, овој домашен напиток не само што ја прави кожата блескава и сјајна, туку има и низа здравствени придобивки за нашето тело и организам.
View this post on Instagram
Сè што треба да направите е да ги измешате следните четири состојки:
- Портокал
Актерката користи свежи портокали, кои се добар извор на витамин Ц, прават чуда за имунитетот, влијаат на расположението и варењето.
- Куркума
Во сокот од портокал актерката додава свежа куркума, зачин кој има антибактериско и антиинфламаторно дејство.
- Црн пипер
Заедно со портокалите и куркумата, Селма додава и малку црн пипер во својот „магичен пијалок“, бидејќи тоа му помага на телото побрзо да ја апсорбира куркумата.
А освен тоа, овој зачин го забрзува метаболизмот.
- Кучешки трн
Растението кучешки трн е богато со витамините Б12 и Ц, а содржи и многу колаген, а го поттикнува телото да го произведува, па има непобитно регенеративно дејство на кожата, косата и ноктите.
Како што вели Селма, најдобро е да ја користите оваа билка во форма на масло и да додадете неколку капки во магичниот напиток за убавина.