Дали имате хоризонтални или вертикални линии на вашите нокти? Добро погледнете ги прстите и можете да дознаете многу за вашето ЗДРАВЈЕ

popara8 август, 20231min00
nokti

Дали знаевте дека едвај забележливите набори на ноктите не се појавуваат без причина? Тие често може да бидат сигнал на вашето тело дека нешто не е во ред.

Добро е познато дека ноктите можат да откријат многу за здравјето, во зависност од нивната боја и форма, а интересно е што и текстурата на ноктите кажува многу за состојбата на телото.

Веројатно сте забележале дека понекогаш вашите нокти имаат набори во вид на едвај забележливи линии, кои можат да бидат хоризонтални или вертикални, а експертите истакнуваат дека и тоа кажува нешто интересно за телото.

Што укажуваат вертикалните и хоризонталните набори на ноктите?

  • Што значат вертикалните линии на ноктите?

Линиите на ноктите се најчесто вертикални и се забележани кај околу 20 проценти од возрасните.

Како што објаснува американскиот дерматолог д-р Ајви Ли, во многу случаи тие се последица на стареењето.
Ноктите главно се составени од кератин и протеини, кои може да се најдат во косата и надворешниот слој на кожата, а со текот на времето се менуваат поради начинот на кој телото „се справува“ со влагата. Кожата станува посува, косата станува почувствителна, па може да се појават и промени на ноктите во вид на вертикални набори.


Меѓутоа, во ретки случаи, додава д-р Ли, овие линии можат да бидат знак дека има проблем во телото, а најчести причини се:

  1. анемија
    ревматичен артритис
    кардиоваскуларни проблеми

Како што истакнува таа, вертикалната линија по средината на ноктот може да укаже на недостаток на витамин, минерал или друг вид на хранливи материи, обично фолна киселина или протеини. Според објаснувањето на експертите од угледната американска клиника „Мejо“, понекогаш заедно со вертикалните набори се појавува црвена линија во основата на ноктот како показател за лупус, автоимуна болест која често се дијагностицира откако веќе ќе напредува.

  • Што значат хоризонталните линии на ноктите?

Од друга страна, хоризонталните набори се поретки, а познати се и како Боoви линии.

Понекогаш тие се резултат на стара повреда, односно настануваат поради привремено запирање на растот на ноктите.
Честа причина се механичките повреди, вели д-р Ајви Ли.


Во некои случаи хоризонталните линии на ноктите се појавуваат како показател за кожни болести како егзема, псоријаза или хронична паронихија, а доколку има црвенило или осип на кожата треба да се консултирате со дерматолог, посочува таа.

Сепак, хоризонталните набори на ноктите понекогаш може да укажуваат на сериозни состојби.

Боовите линии често може да се забележат кај луѓе кои имале срцев удар или имале голема операција, доколку примаат хемотерапија… Д-р Ли исто така додава дека овие набори може да се појават кога тироидната жлезда има зголемена или намалена функција, што влијае на работа на хормони кои го контролираат растот на ноктите.

Ако линиите се појават на сите 20 нокти во исто време, тоа може да биде знак за инфекција, вели д-р Ли, како и сигнал дека нешто не е во ред со црниот дроб, срцето или бубрезите.