КАДЕ Е ДЕНЕС НАСЛЕДНИКОТ НА ИМПЕРИЈАТА ВЕРСАЧЕ: Сите мислат дека е Донатела, а парите се во рацете на оваа НЕСТАБИЛНА жена

popara8 август, 20231min00
alegraversace

По смртта на Џани Версаче, логично беше неговата империја да ја наследи неговата сестра Донатела, но во реалноста тоа не е баш така иако таа сè уште дизајнира за брендот до ден-денес.

Иако повеќето луѓе мислеа дека по убиството на Џани Версаче кое се случи во јули 1997 година, неговата помлада сестра Донатела го наследила богатството, вистината е дека по смртта на нејзиниот брат, таа наследила само 20 отсто од акциите на неговата многу профитабилна компанија во тоа време. Десет отсто повеќе отидоа кај нивниот брат Санто, додека Џани 50 отсто од акциите ѝ остави на својата внука, ќерката на Донатела – Алегра.


Алегра Версаче имала само 11 години кога нејзиниот вујко бил брутално убиен на Флорида, па трагедијата заедно со проблематичните семејни односи длабоко го погодила нејзиниот живот.
Сè кулминираше во 2010 година, кога Алегра наполни 18 години и преку ноќ доби 800 милиони долари. Медиумите веднаш почнаа да се занимаваат со нејзиниот живот, а првите фотографии од италијанската наследничка го шокираа светот.


Алегра тогаш тежела само 32 килограми. Откако се крена прашина за нејзината здравствена состојба, нејзината мајка, која самата форсираше модели со големина „0“ на модните писти и околу тоа се расправаше со нејзиниот брат во текот на неговата кариера, ја испрати Алегра на лекување.

Малку подоцна во јавноста излезе информација дека Алегра се хранела со сламка во институција за рехабилитација на богатите.

„Мојата ќерка е во тешка состојба, со години боледува од тежок облик на анорексија и многу сме загрижени. Лекарите прават се за да и помогнат“, изјавила тогаш Донатела.


Денеска 37-годишната наследничка е речиси невозможно да се види во јавноста, но деновиве се појавија нови нејзини фотографии на кои изгледа сосема поинаку.

Во едно од ретките интервјуа што ги дала, една година откако ја наследила компанијата на нејзиниот вујко, таа изјавила: „Повеќе од се сакав една работа – да бидам никој, непрепознатлива, да не ме ловат“. Сепак, каде и да одев, јас бев Версаче. Не можев да избегам и тоа ме повреди. Го мразев Лос Анџелес“.

Таа откри и како изгледала тешката битка со анорексијата од нејзина перспектива.

„Со години живеев во темнина. Не се сетив на ништо пред тој страшен ден. Дури и заборавив како изгледа. Потоа ми се вратија спомените… Емоциите и среќата и конечно исчезнаа празнината што ме плашеше“, вели таа.

1
2
3
5
6
8
9

Судејќи по новите фотографии, нејзината омраза кон Америка, а со тоа и кон Лос Анџелес со текот на времето исчезнала, бидејќи сега фотографите ја фотографирале во тој град, поточно во западен Лос Анџелес, каде се забавувала со своите пријатели. Алегра сега изгледа поубаво од било кога и сигурно ужива во животот во сенка, а не пред папараците од кои бегала како мала.

Долга коса, јака шминка, деколтиран беж топ и панталони со широки ногавици и како единствен впечатлив детаљ, ефективен накит и пирсинг на нос, се идеални за оваа млада наследничка која отсекогаш имала од кого да научи стил.