РЕЗУЛТАТИ ЗА САМО 4 ДЕНА БЕЗ ЧУВСТВУВАЊЕ НА ГЛАД: Диетата со палента поттикнува здраво варење и губење на тежината

popara8 август, 20231min00
palenta_dieta

Исклучително здраво јадење кое ја поттикнува работата на цревата и го забрзува метаболизмот.

Пченкарното брашно содржи голем број на хранливи материи. Ова брашно е одличен извор на фолати, витамини Б6, К и Е, пантотенска киселина, тиамин, рибофлавин и ниацин. Исто така, може да се пофали со висока содржина на фосфор, магнезиум, цинк, калиум, бакар, селен и манган.

Качамак или палента содржи доволно минерали, хранливи материи и витамини кои му се неопходни на нашиот организам. Палентата е одлична за ослободување од вишокот килограми, бидејќи влијае и на добро и здраво варење.
100 гр палента содржи околу 380 калории. Нејзиниот состав содржи само природни материи, па затоа нејзините јаглехидрати и липиди се позитивни за човечкото тело.

Диета со палента 4 дена:

Понеделник:

Појадок: 100 гр палента, чаша јогурт со малку маснотии и една краставица

Ручек: 100 гр палента, 50 гр младо сирење и еден домат

Вечера: 100 гр палента, чаша кефир

Вторник:

Појадок: 200 гр палента, чаша јогурт со малку маснотии и една краставица

Ручек: 200 гр палента, 50 гр младо сирење и еден домат

Вечера: 100 гр палента, чаша кефир

Среда:

Појадок: 200 гр палента, чаша јогурт со малку маснотии и една краставица

Ручек: 200 гр палента, 50 гр младо сирење и еден домат

Вечера: 200 гр палента, чаша кефир

Четврток:

Појадок: 200 гр палента, чаша јогурт со малку маснотии и една краставица

Ручек: 300 гр палента, 50 гр младо сирење и еден домат

Вечера: 200 гр палента, чаша кефир

Како правилно да се подготви палентата:

Додадете ја палентата во зовриена посолената вода, брзо промешајте да не се згрутчи, а потоа можете да измешате и свежо изматени јајца.