Врската на поранешниот фудбалер Жерар Пике и Клара Чиа Марти излезе на виделина минатата година, откако беше откриено дека тој ја прекинал 12-годишната врска со колумбиската пејачка Шакира.
Начинот на кој Шакира дознала дека Пике всушност ја изневерува е многу бизарен.
Како што пишуваат шпанските медиуми, по едно од многуте патувања за деловни проекти, Шакира дошла дома и сакала да се заслади со џем.
Таа многу го сака овој овошен намаз, кој Пике никогаш не го јаде. Сепак, пејачката го отворила фрижидерот и видела дека некој ѝ го изел џемот!
Тогаш ѝ било јасно дека во куќата доаѓа друга жена.
Иако таму заврши една бајка и на колумбиската пејачка ѝ се скрши срцето, Пике и Клара Чиа оттогаш уживаат во хармонична врска, а деновиве се чини дека љубовта ја подигнаа на повисоко ниво.
Имено, тие решиле да започнат заеднички живот. И сето тоа би било добро и очекувано доколку не ја одбереа куќата во која Шакира била најсреќна.
Според Дејли Мејл, Пике и Клара Чиа живеат во истата куќа во Барселона каде што живеела Шакира кога првпат дошла во Шпанија.
Тоа е и домот во кој живеела со Пике за време на бременоста со нејзиниот постар син Милан.
– Шакира живееше во таа куќа во 2012 година кога пристигна во Барселона. Згора на тоа, сликите на Шакира кога излегла од болницата по породувањето и пристигнувала во куќата биле во таа вила лоцирана во градот Камбрилс – изјави новинарот Пепе дел Реал во програмата „El Programa de Ana Rosa“.
– Сосема е безбедно, не е до море, но има голема приватност – додаде таа.
Во таа куќа Шакира ги поминала своите најсреќни денови. – Тоа е старата куќа на Пике, претпоставувам дека ја изнајмил или ја користел за викенди. Тоа не е ново љубовно гнездо, тоа е куќа што ќе ја користи за да живее или да се пресели на лето со Клара Чија – вели репортерот.
Се вели дека парот ќе го напушти станот на Пике во центарот на Барселона и ќе се всели во вилата, која се наоѓа недалеку од плажата.