Неодоливиот готвач повторно заљубен: Три месеца по разводот фатен во страствен бакнеж со манекенка

popara9 август, 20231min00
o_30005563_1280

Само три месеци откако неговата сопруга Адисон Тимилин поднесе барање за развод, американскиот актер Џереми Ален Вајт, ѕвезда на хит серијата „The Bear“, беше фотографиран на улиците на Лос Анџелес во друштво на манекенката Ешли Мур. Двојката попладневната прошетка низ градот ја зачини со страсни бакнежи и прегратки, а фотографиите откриваат како навистина уживаат во почетокот на нивната врска.

Ешли Мур е 30-годишна манекенка и актерка, која има улога во ТВ серијата „I Know What You Did Last Summer“, а има и неколку нови проекти, меѓу кои и филмовите „Rule of Thirds“, „Tripped Up“ и „Salvation“.

image

Пред само една недела, Џереми беше виден како се гушка и разговара со својата поранешна сопруга на фудбалскиот натпревар на нивната постара ќерка Езер, навестувајќи дека се разделиле, но останале во пријателски односи. Џереми и Адисон ја објавија својата врска во 2013 година, а се венчаа во 2019 година, една година по раѓањето на Езер. Втората ќерка Долорес ја добија на крајот на 2020 година и тие две им се на прво место во процесот на развод, што го покажаа со заедничкото доаѓање на мечот.

image

Адисон поднесе барање за развод во мај оваа година, но парот не зборуваше многу за причините. Неколку дена откако поднесе барање за развод, Тимилин на својот Инстаграм профил сподели фотографии со ќерките за Денот на мајката, а во описот на објавата напиша дека е тешко да се биде самохрана мајка, но по критиките од следбениците, таа го промени во сородител.

Минатиот месец, Page Six објави фотографии на кои се гледа дека Вајт повеќе не го носи својот венчален прстен, што сугерира дека врската веќе не може да се поправи, а инсајдерите блиски до актерот изјавија за страницата дека раскинувањето се должи на напорниот распоред на снимање и дека немало изневерување.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag