Една од најубавите и најпознатите актерки Анџелина Џоли постојано го привлекува вниманието на сите светски медиуми.
Анџелина пред неколку години се разведе од актерот Бред Пит, а во една прилика проговори за својот љубовен живот и откри дека долго време била сама, а потоа открила како успева да се грижи за децата.
– Имам шест многу способни деца. Секако дека се будам и само помислувам: „Морам да се погрижам да бидат добро. Морам да се погрижам психички да се добро“ – изјавила Анџелина во една прилика и открила дека и е важно децата да мислат дека таа се чувствува одлично.
Сепак, многумина не знаат колку години всушност има, Анџелина е родена на 4 јуни 1975 година во Лос Анџелес, Калифорнија, што значи дека има 48 години.