Објавена е фотографија од филмот „Dream Scenario“, каде главната улога ја игра Николас Кејџ.
Во режија на Кристофер Боргли, комедијата е најавена дека ќе ја отвори натпреварувачката програма на овогодинешниот Меѓународен филмски фестивал во Торонто (TIFF).
Во изјавата за филмот, Робин Ситизен, режисер, програмски водител на Филмскиот фестивал во Торонто, рече: „Оваа надреална сатирична комедија прави остри, навремени набљудувања за културата на социјалните медиуми – особено кога станува вирална – и нејзиното влијание врз начинот на кој комуницираме со други во нашиот секојдневен живот. Кејџ испорачува дел од неговите најдобри моменти на филм“.
Покрај Николас Кејџ, во „Dream Scenario“ играат Џулијан Николсон, Мајкл Сера, Дилан Бејкер, Кејт Берлант, Дилан Гелула и Тим Медоус.
Други филмови кои се натпреваруваат на наградниот фестивал, кој ги слави меѓународните филмови, ги вклучуваат „Dear Jassi“ на режисерот Тарсем Синг Дандвар, „Great Absence“ на Кеи Чика-ура и „ТI Told You So” на Џиневра Елкан, објави NME.
Погледнете како изгледа ликот на Николас Кејџ:
World Premiere of Kristoffer Borgli’s DREAM SCENARIO starring Nicolas Cage at #TIFF23 pic.twitter.com/XPsAqRgvcs
— A24 (@A24) August 2, 2023