Комплетот на Амал Клуни ги подели нејзините фанови: Дали е зелена, сина или тиркизна боја?

popara10 август, 20231min00
amal-clooney-1-830x0

Божицата на добриот вкус, жена со раскошна бујна коса, остар интелект, завидна кариера и неоспорна убавина, Амал Клуни, сопруга на најпосакуваниот холивудски актер Џорџ Клуни, „не промашува“ кога се во прашање модните комбинации. Може да се каже дека оваа жена е олицетворение на добри избори.

Џорџ и Амал цело лето го поминуваат на земниот рај – езерото Комо, а често се фотографирани како одат на ручек или вечера.

Овој пат папараците ја „уловија“ фаталната адвокатка пред вилата, во многу необично издание.

Светлосиниот џемпер и шорцеви во сино-зелена нијанса што потсетува на тиркизна боја делуваа неодоливо младешки.

Кафеавата капа и кафените влечки беа вистински контраст со пастелните тонови, а темнокафеавата чанта одлично се совпаѓаше со нејзината боја на коса.

Амал знае да соблече сè: кралски тоалети, летни фустани и комплети… Таа едноставно зрачи со гламур.

И што мислите, која боја е?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag