Девојките „полудеа“ по телохранителот на Бијонсе: Заради едно видео стана вирален на социјалните мрежи

popara10 август, 20231min00
beyonce-830x0 (3)

Девојките ширум светот полудеа по атрактивниот телохранител на популарната пејачка Бијонсе.

За време на актуелната турнеја „Renaissance“, публиката имаше можност да ја види ѕвездата со згоден маж кој ја чуваше, а набрзо и неговиот идентитет стана познат.

Станува збор за бодибилдерот Џејмс Плаза, кој стана вирален на социјалните мрежи откако еден обожавател од публиката ја објави неговата реакција на песната „Energy“ на Бијонсе.

На видеото се гледа како публиката се смирува кога пејачката вели: „Mute“, а телохранителот мистериозно се насмевнува, што „фрла во транс многу дами од првите редови“.

Иако поради природата на работата што ја работи е мета на бројни папараци, Џејмс не ја сака популарноста, па неодамна го заклучи својот профил на социјалната мрежа Инстаграм.

– Би сакал да се натпреварувам оваа година, но ќе отсуствувам поголем дел од годината поради работа, па ќе мора да почека – напиша бодибилдерот на Инстаграм само неколку дена пред почетокот на турнејата на Бијонсе.

Сега, кога неговиот профил е „откриен“, на интернет масовно се споделуваат фотографии од Џејмс без кошула, а кога забележал дека медиумите пишуваат за него, телохранителот решил да го заклучи профилот, што разочарало многумина кои уживале во неговите објави.