Не е безбедно да се замрзнува баш било која храна, бидејќи може да биде многу опасно, предупредуваат експертите
Замрзнувањето на храната е одличен начин да ја намалите количината на храна што ја фрлате, но понекогаш тоа може да ви ги уништи намирниците. Во продолжение прочитајте кои осум намирници никогаш не треба да се замрзнуваат.
- Млеко и павлака
Замрзнатото млеко нема да ве разболи, но може да почувствувате грутки во млекото откако ќе се одмрзне. Ист е случајот и со павлаката. Добрата вест е што можете да користите замрзнато млеко и павлака за варење и печење, а финалниот производ нема да покаже дека сте користеле замрзнати производи.
- Месо и морски плодови кои веќе биле замрзнати
Повторното замрзнување на месото и морските плодови кои еднаш биле замрзнати нема да има никакви здравствени последици, но во прашање е текстурата на храната. Водата се шири кога се замрзнува, што предизвикува пукнатини во клеточните ѕидови и го омекнува мускулното ткиво.
Тоа не се забележува по еден циклус на замрзнување и одмрзнување на храната, но повторувањето на процесот сигурно ќе има последици и месото може да биде кашесто. Од друга страна, месото кое е одмрзнато и седи на собна температура два или повеќе часа не треба повторно да се замрзнува и поради ризикот од микроби.
- Одредени видови на овошје и зеленчук
Некои видови на овошје и зеленчук можат да бидат особено чувствителни на процесот на замрзнување, особено ако имаат висока содржина на вода. На пример, краставиците, тиквичките, доматите и целерот може да ја променат нивната структура кога се замрзнати поради високата содржина на вода.
- Цели, лиснати билки
Лиснатите билки како коријандерот, босилекот и магдоносот не се добри за замрзнување самостојно. Наместо тоа, подобро е да ги исецкате ситно, да ги измешате со масло и да ги ставите во најлонски кеси и потоа да ги замрзнете за да се зачува вкусот.
- Мајонез
Замрзнувањето на мајонезот може да предизвика негово раздвојување на неколку состојки, а вие всушност ќе завршите со мрсно купче кое е неупотребливо.
- Пржена храна
Замрзнувањето на пржена храна која сами сте ја приготвиле овозможува водата и маслото полека да мигрираат надвор, што значи дека вашето пржено пилешко ќе заврши влажно – спротивно од она што треба да биде прженото пилешко.
- Јајца во лушпа
Ако замрзнете јајце во лушпата, водата во него ќе се прошири и ќе предизвика пукање на лушпата.
- Конзервирана храна
Конзервираната храна и онака има долг рок на траење, а ако ја ставите во замрзнувач, истото ќе се случи како и со јајцето – водата во конзервата ќе се прошири, што може да доведе до пукање на конзервата, а потенцијално може да се јави и ‘рѓа, пишува „b92“.