ДИЕТА КОЈА МОЖЕТЕ ДА ПИЕТЕ ВИНО И ДА ЈАДЕТЕ TЕМНО ЧОКОЛАДО? Популарен начин на исхрана кој го практикувала и славната Адел

popara11 август, 20231min00
dieta

Sirtfood диетата стана популарна благодарение на книгата Sirtfood Diet, чиј автор е Ејдан Гугинс и Глен Матен.

Исхраната се заснова на конзумирање на одредени намирници кои се богати со сиртуини или ја стимулираат нивната активност. Сиртуините се група на протеини вклучени во регулирањето на различните метаболички процеси во телото. Тие дејствуваат како ензими кои го модулираат активирањето на гените поврзани со различни клеточни процеси. Овој план на исхрана вклучува храна како темно чоколадо, црвено вино, зелен чај, јаболка, кромид, зелка, боровинки и многу повеќе.

Исто така, диетата промовира ограничување на калориите во текот на првите неколку дена, а потоа вклучува различни рецепти кои користат храна богата со сиртуин. Сиртфуд оброците се состојат од храна која содржи протеин сиртуин – урми, боровинки, кафе, кељ, ракета, магдонос, целер, зелени јаболка, соја, јагоди, чоколадо со 85 проценти какао и куркума.

Оваа диета е наменета за 3 недели и е поделена во 2 фази:

а) првата фаза трае една недела, а потоа се препорачува 3 дена да се внесуваат 1000 калории на ден добиени од зелен сок од кељ, рукета, магдонос, целер, зелено јаболко, лимон и зелен чај и еден оброк со сиртфуд. во следните 4 дена треба да пиете два сока и да јадете два оброка, што е вкупно 1500 калории.

б) втората фаза е фаза на одржување и трае 14 дена, при што се јадат три оброци со сиртфуд и се пие еден сок.

Меѓу познатите личности кои ги поврзуваме со оваа диета е музичката ѕвезда Адел. Таа неодамна откри како успешно ослабела преку 45 килограми. Секако, покрај оваа специјална диета, Адел тренираше и напорно.

*Пред да се одлучите за каква било диета, секогаш е добра идеја да се консултирате со вашиот лекар за да бидете сигурни дека таа е соодветна за вашето здравје и ги задоволува вашите индивидуални потреби и цели.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma