Пејачката Џенифер Лопез која моментално е на одмор во Италија, без фотошоп покажа како изгледа нејзиниот задник. Пред неколку години латино дивата го осигура на 27 милиони долари.
Џенифер Лопез се релаксира на брегот Амалфи во Италија. Таа позираше во минијатурен бел костим за капење, покажувајќи ги облините, но и несовршеностите на својата фигура, пред се задникот.
Таа покажа како изгледа без фотошоп, а фотографиите за рекордно време завршија на сите социјални мрежи. Коментарите само се нижеа.
Некои беа воодушевени од глетката, а дежурните критичари не ја пропуштија шансата за негативни критики.
Видеото може да го погледнете ТУКА.
„Нејзиното тело не покажува дека поминува толку многу часови во теретана“, „Таа навистина не е ништо посебно без сите тие глам-тимови и филтри“, „Некои фотографии најдобро е да не се споделат (и за неа и за публиката)“, „ О, па дали има палачинка наместо задник“, „Не личи на фотошопираните слики на Инстаграм“, „Изгледа многу подобро со облека на себе“, „Време е да се покрие, изгледа многу подобро во фустан… Стареењето дојде на ред“, „Ова е нејзиното вистинско тело на 54 години. Таа се уште изгледа добро, но зошто едноставно да не биде искрена и да им покаже на сите како навистина изгледа“, се само дел од коментарите.