Можеби статистиката ќе ве изненади, но жените се тие кои повеќе изневеруваат.
Изневерувањето во секој случај не е нешто убаво или пријатно во ниедна врска. Ако не сте задоволни со вашиот моментален однос, било да е тоа врска или брак, обидете се да разговарате со партнерот за да го поправите она што може да се поправи. Немојте само да ги кревате рацете и да барате утеха во некој друг. Секако, доколку во врската или бракот има насилство или каков било вид на малтретирање, разделбата е единствениот излез и никогаш не останувајте во таква врска.
„Ми треба малку време за себе“
Во превод тоа значи „дозволи ми да уживам со друга личност додека не одлучам што да правам со тебе“. Секако, не мора секогаш да биде така, некои луѓе имаат деловни, финансиски и други проблеми, но доколку оваа реченица ја следат постапки кои укажуваат на рамнодушност, се ви е јасно.
„Вечерва ќе излезам со моите пријателки“
Ова исто така не е проблематично ако не е често и ако вие самите немате чудно чувство за нејзината приказна. Ако ви се чини дека ве лаже, веројатно е така.
„Проблемот е што повеќе не ми веруваш“
Ова може да биде добитна реченица! Онаа што всушност опишува дека нешто се случува. Обично луѓето кои изневеруваат ја префрлаат вината на другата личност за да направат да изгледа дека се во право. Ако сакате некој друг, најдобро е да раскинете.