Една корисничка на „TikTok“, Мег Барберва, објави видео со детали како да се шминкате за да изгледате помладо.
Мег Барберва е љубител на шминка и сака да ги споделува своите совети и трикови со својата публика на „TikTok“.
Таа во видео рече:
– Пробајте ги овие брзи совети за шминкање за да изгледате помладо. Овие неколку трикови и избегнување на грешки може да ви одземат години од лицето.
Прво, таа зборуваше за производите што повеќето жени погрешно ги ставаат на својата кожа, за да одбегне вниманието од флеките и погрешниот избор на бои.
– Ајде да зборуваме за коректорот. Избегнувајте ја старата „техника на триаголник“, за тоа ви треба премногу производ. Малку во внатрешниот и надворешниот агол е се што ви треба. Добро изблендирајте го со четка или сунѓер испрскан со спреј за фиксирање.
Покрај тоа што нанесува мала количина коректор на внатрешниот и надворешниот агол на очите, Мег сака да користи специфична пудра со доза на сјај за кожата да изгледа чисто и младешко.
Видеото може да го погледнете ТУКА.
– Сакам сјајни подлоги кои ми помагаат да изгледам помладо – изјави Мег.
Таа препорачува да ги пополните веѓите со соодветно обоено моливче. Значи, важно е да се пополнат празнините и да се следи природната форма, а не да се цртаат, со што тотално ќе се промени нивната форма, а со тоа и изразот на лицето.
– Пополнувањето на веѓите прави огромна разлика. Тие не само што помагаат во дефинирањето на вашето лице, туку и му даваат поголема длабочина и дебелина и автоматски прават да изгледате помладо.
Една клучна грешка во шминкањето која може значително да ве остари е нанесувањето бронзер под јагодиците.
Мег истакнува дека руменилото и бронзерот треба да се нанесуваат повисоко на јагодиците.
– Ставањето на контура или бронзер нијанса под јагодиците го повлекува вашето лице надолу. Наместо тоа, контурирајте малку повисоко на самата јаболчница, исто како и руменилото. Насочете се нагоре и блендирајте нагоре кон линијата на косата – советува Мег.
Остриот молив за очи и дебелиот молив може да направат да изгледате постаро. Затоа, земете ја предвид дебелината на моливот.
– На крајот, нанесете го хајлајтерот над јаболчниците и средината на носот – советува Мег.