7 трикови кои ќе ви помогнат да се ослободите од зависноста од телефонот

popara12 август, 20231min00
532765_pexels-anna-shvets-5257218_m

Една од работите што можете да ги направите за да се оддалечите од телефонот е да не го држите до глава кога одите на спиење.

Иако можеби не сте еден од тврдокорните зависници, сигурно е дека секој би сакал на кратко да се ослободи од телефонот.

Психотерапевтот Марко Јовановиќ открива 7 работи што можете да ги направите за да си помогнете:

  1. Не го полнете до креветот или барем вклучете „airplane mode“ и користете ја апликацијата „Sleep Cycle“, за да имате барем некаков бенефит.
  2. Купете си стар будилник, ако тоа ви е изговор да го држите телефонот до креветот.
  3. Исклучете ги сите известувања на телефонот. Кога ќе пристигне порака, вие не ја гледате, туку одлучувате кога сакате да ги проверите пораките.
  4. Избришете ги сите апликации за кои сметате дека немаат никаква корист и кои ве влечат во зависност.
  5. Секогаш имајте ја на ум причината поради која го земате телефонот и штом ќе ја завршите таа акција што ви е важна, оставете го телефонот на страна.
  6. Обидете се, иако знам дека е тешко, воопшто да не го користите телефонот еднаш месечно. Да, ќе останете сами со себе, но веројатно и тука има нешто интересно да се направи.
  7. Обидете се да шетате надвор еден час без да го земете телефонот со вас.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma