Без оглед на облеката што ја носите, без разлика дали е модерна, брендирана или „обична“, важно е секогаш да е чиста и уредна
За да ја зачувате облеката што е можно подолго и да ја одржувате чиста и уредна што е можно подолго, во продолжение дознајте што ја уништува вашата гардероба без воопшто да сте свесни за тоа.
- Несоодветна закачалка, особено онаа со остри рабови која е поширока од рамениците, може да го промени оригиналниот облик на вашето сако, фустан или кошула.
- Задолжително закопчајте ги сакоата, јакните или капутите кога ги закачувате на закачалката.
- Панталоните кои имаат шев важно е да ги здиплите по истиот за да ја задржат формата.
- Чувајте ги чантите во памучни кеси кои ќе ги заштитат од прашина и друга нечистотија.
- Никогаш не ја враќајте во плакарот облеката што „мириса“ на цигари или храна
- Освежувачот на воздухот и средството за молци се задолжителни во гардероберот