Наместо веднаш да одите на фризер и да потрошите многу пари на фарбање, пробајте го овој природен начин да ја сокриете седата коса
Луѓето, особено жените, не сакаат да гледаат седи влакна на главата, бидејќи тие се еден од доказите дека полека стареете. Седата коса најчесто се прикрива со редовно фарбање, за што понекогаш се потребни големи суми на пари, а има и такви жени кои едноставно не сакаат да користат хемикалии.
Наместо веднаш да одите на фризер и да потрошите многу пари на фарбање, пробајте го овој природен начин да ја сокриете седата коса. Се што ви треба се неколку големи компири, малку вода и тенџере. Да, добро прочитавте. Имено, сивите влакна успешно можете да ги покриете со кора од компир и тоа е сосема едноставно. Доволно е да подготвите вода од лушпи од компири за да ја исплакнете косата.
Иако изгледа чудно, судејќи по зборовите на д-р Антон Ун, овој начин и тоа како функционира. Земете околу пет компири и излупете ги. Ставете ги лушпите од компири во тенџере. Потоа земете две чаши ладна вода и прелијте ги лушпите.
Почекајте водата да зоврие, а потоа намалете ја топлината и оставете да се варат околу пет минути. Тргнете ја тавата од шпоретот и оставете ја да се излади. Откако целосно ќе се излади, исцедете ја течноста. Додадете неколку капки етерично масло по ваш избор за поубав мирис и изладената и исцедена течност истурете ја во стаклен сад.
Потоа со четка нанесете ја кафената течност на косата. Овој раствор на скроб помага да се маскира сивата боја на косата со додавање пигмент. Ова е едно од најлесните решенија за покривање на седите влакна. Повторете ја постапката неколку пати за да постигнете подобар резултат.