Кога станува збор за исхраната, многу луѓе се под заблуда дека одредени работи што ги прават всушност придонесуваат за нивното здравје.
Сепак, нутриционистката Наташа Ѓукиќ сподели 4 работи кои многу луѓе ги применуваат секој ден, сметајќи дека се корисни, но всушност на крајот доведуваат до зголемување на телесната тежина:
Засладувачи
Научниците од Општата болница во Масачусетс велат дека вештачките засладувачи го зголемуваат ризикот од повисока телесна тежина – овој вештачки шеќер го разградува фенилаланинот, го нарушува метаболизмот и го зголемува ризикот од зголемување на телесната тежина со текот на времето.
Постојано вежбање
Кортизолот доведува до различни хормонални промени. Тоа влијае на тироидната жлезда, што значи дека е многу тешко да се согоруваат мастите кога нивото на кортизол е високо.
„Здрав“ ручек од продавница
Купувањето салата или смути на паузата за ручек можеби изгледа како добра опција, но не е секогаш така. Често купечките „здрави“ оброци не се толку здрави и содржат скриени, лоши состојки.
Премногу спиење
Спиењето повеќе од осум часа навечер може да доведе до маснотии на стомакот, барем според една нова студија.