
По втор пат мајка, како што пишуваат странските медиуми
Според странските медиуми, Ријана и нејзиниот партнер АСАП Роки станале родители по втор пат.
Пејачката родила девојче, а на новото доаѓање најмногу се израдувало нејзиното прво дете РЗА Ателстон.
Порталот „Media Take Out“ пишува дека породувањето поминало добро, дека и мајката и бебето се добро и се одмараат во својот дом во Лос Анџелес.
Модниот бренд на Ријана неодамна лансираше нова колекција, која меѓу другото вклучува облека за трудници, а споменатиот портал наведува дека породувањето се случило во вистински момент.

За потсетување, r’n’b дивата за време на спектакуларниот настап во февруари откри дека по втор пат е бремена.
Со оглед на фактот дека од тој момент поминаа шест месеци, а стомачето и беше прилично забележливо тогаш, веста за породувањето може да биде вистинита.