Овој зачин не се користи само за да се даде посебен вкус на храната, туку е корисен и во домаќинството
Солта најчесто ја користиме како зачин, иако може да биде корисна на многу начини во домаќинството.
Бидејќи не дава несакани ефекти, нема посебен мирис и слично, домаќинките често ја користат за чистење, но и за бркање на инсектите.
- Го спречува ширењето на мравките
Доколку овие мали и упорни инсекти се појават во вашиот дом, посипете малку сол на прозорецот и другите места кои мравките ги користат за нивно „собирање“.
Ова ќе го намали и нивото на влажност во домот, пишува „swiftlyus.com“.
- Успешно ги полира украсите
Ако имате било какви сребрени или бакарни украси или накит, свесни сте дека со текот на времето тие ја губат бојата. Солта може да го реши ова, бидејќи само треба да направите мешавина од јаболков оцет и сол и со таа смеса да ги исчистите сите „валкани“ површини. Ќе видите како ќе им се врати бојата.
- Почисти прозорци
Направете мешавина од неколку лажици сол со еден литар млака вода, измешајте и исчистете ги тврдокорните дамки од прозорците. Истото можете да го примените и на прозорците на автомобилот.