И додека некои не можат да излезат од дома со чисти чорапи, има и такви кои брзо ги облекуваат оние што ги носеле вчера. Британските лекари откриваат колку всушност е тоа штетно за здравјето.
Д-р Сунг вели дека комбинацијата на пот, бактерии и мртви клетки на кожата на стапалата може да произведе непријатен мирис кога стапалата се затворени во валкани чорапи.
„Чистите чорапи помагаат во одржување на хигиената на нозете, спречуваат габични или бактериски инфекции и ги одржуваат стапалата свежи и удобни“, вели докторот. Од друга страна, валканите чорапи имаат спротивен ефект и можат да предизвикаат голем број проблеми.
Инфекции на стапалата
Сите микроорганизми во вашите валкани чорапи не предизвикуваат само лош мирис – тие можат да предизвикаат и инфекции, вели д-р Сунг. Бактериите како Staphylococcus и габите како Trichophyton ја сакаат топлата, влажна состојба на вашите валкани чорапи и напредуваат во таа средина.
Алергиски реакции
Ако страдате од алергии, носењето валкани чорапи е една од најлошите работи што можете да ги направите бидејќи ставате алергени на вашите чорапи и потоа ги ширите низ куќата.
Проблеми со кожата
Одржувањето на влага, пот и бактерии заробени во валкани чорапи на вашата кожа може да ја иритираат, па дури и да ја оштетат кожата на вашите стапала, вели друг д-р Петрило. Ова може да предизвика или влоши состојби како што се осип, егзема, дерматитис и отворени рани.
Колку често треба да менуваме чорапи?
Обично е доволно еднаш дневно, велат експертите. Но, тие додаваат дека честотата на менување чорапи во голема мера зависи од вашето тело (колку се потите во еден просечен ден и вашата подложност на инфекции).
„Ако правите нешто што предизвикува прекумерно потење, можеби ќе треба да ги менувате чорапите повеќе од еднаш дневно за да ги одржувате чисти и да спречите проблеми“, вели д-р Сунг.