Ниту едно раскинување не е пријатно, особено ако врската заврши преку порака. Психолозите дури и го оправдуваат овој тип на раскинување со партнерот, бидејќи е побезболен.
– Ако сте поемотивни луѓе, полесно е да го направите тоа преку порака, бидејќи тогаш нема да има плачење. Ако сте во врска подолго време, нема смисла да раскинете преку СМС. Од почит кон таа личност и годините што сте ги поминале заедно, излезете уште еднаш и кажете си се што ви лежи на срце – велат психолозите.
Меѓутоа, во ерата на социјални мрежи и мобилни телефони, раскинувањето преку СМС пораки стана нормално. Погледнете во кои ситуации е сосема нормално да раскинете на таков начин.
Кратка романса
Ако сте отишле на неколку состаноци со партнерот и набргу сте сфатиле дека не сакате ништо повеќе со него, сосема е во ред да раскинете преку СМС порака.
– Не е потребно да се прави драма и да се напише долго писмо со сите причини. Краток текст во кој ќе се објасни ситуацијата ќе биде сосема доволен – велат психолозите.
Лоша врска
– Доколку се плашите дека вашата желба за разделба ќе предизвика напад на агресија кај партнерот, тогаш во ред е да ја прекинете врската преку СМС пораки. Ако знаете дека неговата реакција ќе биде непредвидлива, од безбедносни причини подобро е да ја прекинете врската на овој начин – советуваат експертите.
Игнорирање
Ако вашиот партнер ги игнорира вашите телефонски повици и не сака да се состане со вас, единствениот начин е да го „откачите“ преку СМС.
– Во ваква ситуација имате целосно право да ја прекинете врската преку СМС порака. Можеби ваквото игнорирање е само показател дека партнерот очекува од вас да направите чекор, а во овој случај се работи за раскинување – објаснуваат психолозите.
Сте го фатиле како изневерува
Не вреди да се троши време за разговор и слушање објаснувања од личноста која го направила тоа.
– Луѓето кои не простуваат изневерување не треба да го гледаат партнерот за да им објасни зошто се случило изневерувањето. Грижете се за нервите и напишете дека се е готово – советуваат психолозите.