Каков неуспех! Дали е ова најлошото издание на Џенифер Лопез досега? Вакви комбинезони немаат ниту молерите (ФОТО)

popara14 август, 20231min00
745910_dzenifer-lopez_m

Џенифер Лопез е забележана на аеродромот во Њујорк, во издание недостојно за светска ѕвезда.

Кога зборуваме за јавни личности и светски познати ѕвезди, некако се подразбира дека тие во јавноста ќе се појават во издание кое е барем пријатно за окото.

Иако секако се согласуваме дека вкусовите се различни, кога станува збор за овој комбинезон кој неодамна го носеше Џенифер Лопез, многумина сметаат дека нема дилема.

Пејачката во минатото имаше многу промашувања, што е сосема нормално, со оглед на тоа дека созреваше и го градеше својот вкус, но со оваа комбинација се врати во времето на лоши избори.

Папараците ја фотографираа на аеродромот во Њујорк, а тексас комбинезонот кој го носеше изгледа како да го позајмила од некој три пати поголем од неа. Исто така, делува старо, истрошено и во најдобар случај како нешто што би го носеле додека го кречите вашиот стан.

Кога ќе ја погледнете од глава до пети, ќе помислите дека ја ставила капата со надеж дека никој нема да забележи што всушност облекла.

Се надеваме дека ова е само една утка, што нема да се повтори наскоро.

745913_dzeni-lopez_iff
745914_dzeni_iff
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag