Традицијата на носење венчален прстен датира од древниот Египет. Археолозите пронајдоа докази напишани со хиероглифи дека невестите носат прстени. Старите Египќани биле првите кои носеле венчални прстени како симбол на вечноста. Тие веруваа дека постои чувствителен нерв кој оди од четвртиот прст на левата рака директно до срцето – центарот на нашите емоции.
Ако носите бурма на тој прст, љубовта меѓу вас и вашиот сопружник ќе трае вечно. Старите Грци и старите Римјани ставале венчален прстен на домалиот прст од левата рака од слична причина. Тие верувале дека vena amoris (од латински – вена на љубовта) оди од тој прст директно до срцето.
Иако не постои ниту таков нерв, ниту таква вена, многу земји ја продолжија оваа древна традиција. Од друга страна, во некои култури, венчалниот прстен се става на десната рака, на пример, во Данска, Полска и Куба. Исто така, во минатото само жените носеа бурми, а не и мажите.
Почнале да го носат на домалиот прст за време на Втората светска војна како сеќавање на жените и децата кои ги чекале дома, пишува Reader’s Digest.
Според една стара кинеска теорија, секој прст на раката симболизира некого, или членови на семејството или себеси. Домалиот ги симболизира мажот и жената, додека палецот ги симболизира родителите, показалецот ги симболизира браќата и сестрите, малиот прст ги симболизира децата, а средниот прст нас.