
За да ја искористите максимално и оптимално да ве лади, климата треба да се одржува и да внимава на одредени правила во нејзиното работење. Избегнете ги следните 7 грешки кои сите ги правиме и клима уредот ќе ве служи долго време и ќе ве разлади удобно.
1. Филтрите на климата не ги менувате или чистите
Филтрите на клима уредот треба да ги менувате или чистите еднаш годишно. Поради нечисти филтри, воздухот ќе циркулира помалку, а клима уредот може да се расипе. Покрај тоа, поради валканите филтри, можете да добиете и повисока сметка за струја, а овој дефект ќе го скрати и животниот век на уредот.
Кога надвор е над 30 степени Целзиусови, оптимално е клима уредот да работи на 26 степени или повеќе
2. Не правите годишни сервиси
Чистете ја климата еднаш годишно. Оваа работа можете сами да ја работите користејќи видео инструкции што ќе ги најдете на Интернет или можете да им го оставите на професионалци. Неопходно е годишно одржување на климата за системот за ладење да работи што е можно поефикасно.
3. Немате прилагодлив термостат
Ако имате клима уред со прилагодлив термостат, тој автоматски ќе се прилагоди на температура која е за 7 до максимум 10 степени пониска од надворешната температура. Така, вашите сметки за струја ќе бидат помали бидејќи ќе се троши помалку струја. Исто така, доколку ја оставите климата вклучена кога не сте дома, секогаш оставете ја климата да работи на повисоко ниво отколку кога сте дома.
4. Го поставaте термостатот на премногу ниска температура
Истражувањата покажаа дека човечкото тело е способно да се прилагоди на високи или ниски температури доста брзо, во рок од една или две недели. Кога ќе се земе предвид и дека сметките за струја ќе ви бидат пониски доколку ја одржувате климата на повисока температура и дека со поретко користење на клима уредот ќе придонесете за зачувување на животната средина, периодот на приспособување вреди.
Затоа ќе биде оптимално ако клима уредот кога надвор е повеќе од 30 Целзиусови степени, работи на 26 степени или повеќе.
5. Не користите вентилатор
Секој вид вентилатор ќе помогне да се направи воздухот што циркулира низ вашиот дом поудобен. Ако имате вентилатор, клима уредот ќе работи помалку и затоа ќе трае подолго. Имајте предвид дека лопатките на вентилаторот на таванот се вртат спротивно од стрелките на часовникот во текот на летото, бидејќи тоа ќе му овозможи на воздухот подобро да циркулира.
6. Крилата за вентилација или термостатот не се правилно поставени
Ако светлината од лампата удира во термостатот поголемиот дел од денот, може да го наруши читањето на термостатот и да предизвика клима уредот да не работи оптимално, дури и ако ви е удобно во просторијата. Особено ако сте отсутни во текот на денот, можеби нема да забележите дека климата премногу се напрега за да ја излади просторијата поради неправилности во работата на термостатот. Блокирањето на вентилационите решетки со мебел или завеси, исто така, ја ограничува циркулацијата на воздухот. Затоа, проверете дали вентилационите крила се блокирани со нешто.
7. Не ги спуштате ролетните и не ги навлекувате завесите
Сончевата светлина е непријател на вашиот клима уред. Ако ги спуштите ролетните и/или ги затворите завесите за да спречите сончевите зраци да влезат во просторијата, ќе ја заштитите и просторијата од сончевата топлина.