Лоти Мос: „Мојата постара сестра Кејт не сака да си има работа со мене“

popara14 август, 20231min00
o_30073477_1280

Лоти Мос, полусестрата на Кејт Мос, се пожали на неквалитетната врска која ја има со познатата манекенка и деловна жена. „Тоа не е како што претпоставуваат луѓето. Јас и сестра ми никогаш не сме биле блиски, генерацискиот јаз меѓу нас е преголем“, изјави таа за The Sun. Таа е ќерка на таткото на Кејт Питер од вториот брак со сопругата Ингер, родена е пред 25 години и е 24 години помлада од Кејт. Како 13-годишно девојче, таа беше деверица на свадбата на Кејт со рокерот Џејми Хинс (тој брак пропадна по пет години), но денес сликата за врската на полусестрите е многу поинаква. „Таа не мора да сака да има никаква врска со мене. Но, кога бев помлада, не можев да го разберам тоа, се прашував зошто некој од семејството би се однесувал така, не ми беше јасно“, вели Лоти, која заработува како ѕвезда на OnlyFans, онлајн сервис за претежно сексуализирана содржина за која треба да платите претплата.

image

Семејните односи се комплицирани, додаде таа, и иако Кејт е позната, тоа не го прави нивното семејство поинакво. „Едноставно не се согласуваме за многу работи. Ја сакам, сестра ми е, но едноставно не сме блиски. Така е“, помирливо заклучи Лоти, која исто така имаше успешна манекенска кариера и работеше за агенцијата Storm Models, истата онаа што ја откри Кејт на њујоршкиот аеродром ЏФК кога имала 14 години, се сеќава Дејли Меил. Меѓутоа, откако ја доживеа мрачната страна на манекенството и обидот да го „контролира“ нејзиниот живот, таа ја напушти таа работа и си ја испроба среќата на OnlyFans, каде што тврди дека немала лоши искуства.

image

До неодамна Лоти беше поврзувана со австралискиот модел Даниел Стил, но за таа врска, како што рече, одлучи далечината. Таа пред неколку дена беше забележана како излегува од популарниот лондонски ресторан Chiltern Firehouse во друштво на Адам Колард, учесник во реалното шоу „Love Island“, а сега и двајцата учествуваат во новата реалити серија „Celebs Go Dating“.