Прекрасни фотографии заради кои ќе сакате да го украсите целиот дом со СОНЧОГЛЕДИ

popara15 август, 20231min00
62347524

Древните Маи го обожавале сончогледот како симбол на светлината и плодноста, а денес овој магичен цвет го симболизира сонцето, летото, среќата и веселоста. Сончогледот расте само во лето, од јуни до септември и не може да живее без сонце.

Во текот на денот, сончогледот се врти да го следи сонцето, а навечер нежно ја наведнува главата и го чека утрото. Неговото ботаничко име Хелиантус е изведено од грчкиот збор хелиос, што значи сонце.

Легендата вели дека богот на сонцето Аполон го создал сончогледот, претворајќи во него вљубена девојка за да може секој ден да го следи сонцето додека поминува низ небото.

Домашниот сончоглед потекнува од Мексико и Перу, од каде е донесен во Шпанија во првата половина на 16 век. Различни видови сончогледи имаат поголемо или помало стебло, а се разликуваат и по големината на цветната глава и семките – од минијатурни високи 10 до 20 сантиметри до гигантски видови високи над три метри и различни бои на ливчиња и семиња.

Сончогледот е познат и како растение кое ја лекува почвата – има неверојатна способност да апсорбира штетни и токсични материи од почвата и голема количина на вода. Сончогледот во градината изгледа моќно и убаво, како „заземјено сонце“ под нашиот прозорец.

Многу е убаво да се види во вазна, а исечените сончогледи можат да издржат десет дена пред да почне да паѓа поленот. Дозволете вашиот животен простор да биде украсен со овие вистински летни цвеќиња, а идеи како сончогледите да ги направите најубавата декорација на вашиот дом можете да најдете во фотогалеријата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag